Тетовчанец не може да влезе со возило во сопствениот двор, откако бил реконструиран тротоарот
Откако е реконструиран тротоарот на улица „Штипска“ во Тетово едно семејство не може да влезе во својот двор со возило, бидејќи бетонските плочки се поставени 30-тина сантиметри повисоко. Со ваков проблем се соочува семејството на Љубиша Трпески, кој иако им реагирал на изведувачите и во општината, не добил решение на проблемот.