Продолжен карантински викенд за Скопје, Штип, Куманово и Тетово, полициски час од четврток од 21:00 до понеделник до 05:00
Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен празничен викенд, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.