Неодговорно е да се бетонира датумот за избори во ситуација како оваа кога бројките зборуваат за повеќе од алармантна состојба со новозаразени и смртни случаи, предупредуваат лекарите.

-Многу е неодговорно да се фиксира датум кога ќе се случи тоа бидејќи ниту експертите ниту комисијата за заразни болести ќе има доволно податоци за да донесе една одлука која ќе има импакт на целото население. Сметам дека во овој период ние мораме да се воздржиме да почекаме и да дадеме се од себе колку што е можно епидемијата да се стиши, вели доктор Ленче Нелоска за Алфа.

Лицитирањето со бројки и менувањето во текот на денот, како што вели Нелоска создаваат дополнителна недоверба на граѓаните во институциите.

-Тоа е корупција на процесот. Здравствените работници се убиваат од работа по сите лаборатории, Институт за јавно здравје и приватните лаборатории секојдневно. Да земат материјали да ги процесираат и да дадат една бројка која што е сработена. Меѓутоа едно такво лицитирање со бројки кое што се случува деновиве еве и да кажеме дека е некаков пропуст остава мал простор за доверба. Се воведоа најригорозни мерки во целиов регион за потоа да се симнат сосема заради влијание на политиката, вели д-р Нелоска.

Во текот на вчерашниот ден здравствените власти прво излегоа со бројка од 67, а потоа од 76 заразени