Три години од формирањето на Владата, Дамјан Манчевски говори за "евидентни резултати". Такви резултати имаат само во водењето на нивната капитулантска политика, вели дополнителната заменик министерка во министерството за информатичко општество, Невенка Стаменковска.

- "Наведната глава сабја не ја сече, но и сонце не гледа". А не гледа не само поради капитулантската политика, туку и поради криминалците кои не мислат на граѓаните туку само на своите џебови.

Од нивниот „План за живот“ идентификувавме дури 65 неисполнети ветувања во однос на Реформата на јавната администрација, развојот на информатичкото општество и медиумите, области кои се под директна надлежност на Министерството за информатичко и администрација.

Во првата година биле обезбедени помалку од 0,5% од потребните средства за спроведување на акцискиот план за Стратегијата за Реформа на јавна администрација, а се доцни со над 50% од активностите предвидени во истиот.

Но затоа, Владата на СДС не се откажува од комодитетот и во истата година обезбедила средства за над 150 луксузни возила. Тоа говори за нивните приоритети!

‼️Но, одговорност ќе има, а судот на народот пристигна, потенцира Стаменовска.