Потврдени 125 нови случаи со Ковид-19, починати седум, оздравени шест пациенти
Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-89, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-1, Струмица-2, Кичево-1 и Ресен-1. Институтот за јавно здравје денеска регистрира шест оздравени пациенти и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1 и Велес-4. Починаа седум лица од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга, соопшти Министерството за здравство