Починаа седум лица од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, почина пациент од Скопје (79 г.) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66 г.) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54 г.) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46 г.), која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (77 г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73 г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.