Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-89, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-1, Струмица-2, Кичево-1 и Ресен-1. Институтот за јавно здравје денеска регистрира шест оздравени пациенти и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1 и Велес-4.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Скопје е од Куманово. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1461, активни 844
• Куманово 573, активни 155
• Дебар 53, активни 2
• Штип 225, активни 186
• Прилеп 220, активни 26
• Тетово 312, активни 145
• Струга 109, активни 34
• Велес 145, активни 27
• Битола 30, активни 3
• Охрид 45, активни 28
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 52, активни 30
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 7, активни 4
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4,
• Крушево 3,
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 2,
• Пехчево 3,
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1,
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 4, активни 2
• Ресен 1, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.019 теста се преку: ИЈЗ –288 , ЦЈЗ Скопје-33, Авицена –116, Биотек -137 , Клиника „Жан Митрев“ –213, Систина со PCR метода –80 и МАНУ -152. Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера
• Чаир- 195
• Бутел- 72
• Центар- 71
• Аеродром- 67
• Гази Баба- 66
• Карпош- 64
• Сарај- 58
• Кисела Вода- 39
• Ѓорче Петров- 26
• Студеничани- 24
• Арачиново- 24
• Шуто Оризари- 21
• Илинден- 19
• Петровец- 6
• Чучер Сандево- 3
• Сопиште- 2
• Странец- 2.