Изрази благодарност до владите на Србија, Македонија и Црна Гора кои помогнале во напорите при репатријацијата на Канаѓаните за време на пандемијата со Ковид-19.
Не стивнуваат реакциите на обичните луѓе кои беа дел од протестите и во Заев гледаа спасител. И самиот тој се прелеа во масата луѓе нарекувајќи се себе си хулиган... Сепак, последната бомба откри сосема друга вистина.
Во Полициската станица Гази Баба бил приведен Б.С.(29), поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација било констатирано дека тој не го почитувал решението за изолација и е позитивен на Ковид-19.
Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека веќе трети месец во установата се почитуваат сите протоколи, а осудениците добиваат и дополнителни дезинфекциони средства.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска ја посети Полициската станица при граничниот премин Аеродром „Скопје“, кој по неколкумесечниот застој поради состојбата со епидемијата од КОВИД-19 од денеска повторно почна со работа.
Иако кандидатот во Изборната единица 1 и министер за надворешни работи за овој случај реагира доста револтирачки на својот фејсбук профил, во ниту еден момент не ги осудува упадите и театарот кој овие денови ги доживува неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова од Саше Политико, новинар кој важи за гласноговорник на владините политики и силен поддржувач на СДСМ.
Ако има каква било потреба или оправданост која што ќе произлезе од Комисијата за заразни болести секако дека ќе носиме одлуки затоа што наш голем приоритет е ние да се заштитиме, да ја заштитиме државата и да го заштитиме здравјето на граѓаните
Во врска со исполнетоста на капацитетите во јавните здравствени установи каде се примаат заболени од Ковид-19, тој рече дека триесеттина проценти е исполнет капацитетот на болницата во Козле, и има доволен број слободни кревети.