Ивана Туфегџиќ, Влатко Васиљ... клучните предводници на „Шарените“ и десната рака на лидерот на тогашната опозиција која стоеше зад протестите, Зоран Заев, два дена молчат откако тој во последните бомби ги псуе и навредува. Не одговараат на повици и пораки, а на Фејсбук самоиницијативно се произнесе само екс-пратеникот Павле Богоевски.

Оние кои од протестите на „Шарената револуција“ излегоа без да се сместат во владини функции се револтирани и отворено зборуваат.

-Да бидам искрен, свесен бев и самиот дека влегувам во протести организирани од СДСМ и некои невладини организации, јас, но и ние како Левица -- тогаш имавме намера да заземеме позиција во рамки на тоа движење и да не го пропуштиме истото на СДСМ, вели за Алфа , Маргилен Демири – граѓански активист.

Не стивнуваат реакциите на обичните луѓе кои беа дел од протестите и во Заев гледаа спасител. И самиот тој се прелеа во масата луѓе нарекувајќи се себе си хулиган... Сепак, последната бомба откри сосема друга вистина.

- Јасно е сега, без дилеми, каква била играта и целта на СДСМ, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.