Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ 1 Никола Димитров, денеска на својот Фејсбук профил реагираше за вчерашниот упад на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на неговата прес-конференција.

-Безобразниот упад на портпаролот на Здружението на мојата вчерашна прес-конференција веднаш го разбрав како обид за дефокус од клучните теми – правда и казнивост. Ако беа подготвени да измачкаат раце со крв и да нападнат институции само за да не одговараат, се разбира дека се подготвени да прават кловнови од себе. Но, ако убаво размислиме зад овој врвен примитивизам се кријат и многу други опасни пораки и за граѓаните и за земјата, напиша Димитров на Фејсбук.

Додава дека „оваа бесрамна согласност за бербатење на сопствениот политички образ само за да се фрли некоја валканица на лицето на противникот, го открива вистинскиот нивен лик – на насилство, примитивизам и регрес, на слугување, на себепонижување и копање во дното“.

-Мене ми е срам, јас како граѓанин сум навреден, што луѓе од овој сој, коишто во секое општество во 21 век се на екстремистичките политички маргини, кај нас денеска се во позиција да трчаат за сериозни политички функции. Затоа, ова не смееме да го дозволиме и да се залажеме да помислиме ова да го сведеме на обичен театар и на 2пуштете ги, тоа им е нивото“, пишува Димитров.

Иако кандидатот во Изборната единица 1 и министер за надворешни работи за овој случај реагира доста револтирачки на својот фејсбук профил, во ниту еден момент не ги осудува упадите и театарот кој овие денови ги доживува неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова од Саше Политико, новинар кој важи за гласноговорник на владините политики и силен поддржувач на СДСМ.