Македонската ковид-ситуација полоша од Италија и Германија, светскиот просек на смртност го надминуваме за речиси 3%
На 41 место од вкупно 215 земји во светот е рангирана Македонија на светските листи според новозаразени од Ковид 19. Имаме далеку полоши бројки од Велика Британија, Шведска, Русија, Италија, Германија по број на активни случаи на еден милион жители, стои на листата на Ворлдометер.