Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и го назначи Милутин Станчиќ, професор по македонска и јужнословенска книжевност и српски јазик на Филолошкиот Факултет во Скопје за директор на оваа Управа.

На оваа седница Измит Нура е разрешен од должноста заменик директор на Агенцијата за млади и спорт и за заменик директор е именуван Авни Рустеми.

Аљајдин Хавзиу, е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за труд и на таа позиција е именувана Јована Тренчевска, дипломиран социолог и м-р по социолошки науки.

Владата ја прифати оставката на Сафет Емрули, и го разреши од должноста директор на Државниот завод за индустриска сопственост, на негово барање и го именуваше Горан Герасимовски, дипломиран социолог и м-р по менаџмент на човечки ресурси за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.

Владата ја прифати оставката на Осман Шукриу и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенција за иселеништво на Република Македонија, на негово барање и го именуваше Измит Нура за заменик на директорот на Агенција за иселеништво.

На денешната седница Фејзула Спахија е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за животна средина и на оваа должност е именувана - Ана Петровска.

Владата го разреши Анте Поповски од должноста в.д. директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи, и ја именуваше Калтрина Беќири, доктор на стоматологија за вршител на должност директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи.

Џезми Салиу е разрешен од должноста директор на Управата за животна средина, и на оваа позиција е именувам Хисен Џемаили, м-р по менаџмент на животна средина за вршител на должност директор на Управата.

Од должноста в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, денеска е разрешен Арбен Виља, а Дејан Павлески (дипломиран инженер по електротехника), е именуван за в.д. директор на оваа Агенција.