На денешната онлајн седница, Владата констатира дека на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија му е завршен мандатот и донесе заклучок истиот да не биде продолжен, туку да биде објавен Јавен оглас за именување нов директор на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Инаку Горјан Тозија, во последните неколку месеци беше мета на јавноста поради неговите фејсбук статуси но и сомнежи за нерегуларно работење во Агенцијата за филм а негово разрешување побара и Државната комисија за спречување на корупција.