Интервју со Ангеловски: Горд сум на тимот и верувам во него
Два чекора ја делат македонската фудбалска репрезентација од историски пласман на едно Европско првенство. Вратени се надежите кај навивачите низ целата држава дека, покрај ракометарите, кошаркарите, одбојкарите, и фудбалерите ќе се најдат на еден завршен континентален собир.