ВАР системот му поништи гол на Пандев, Елмас подобар во „македонското дерби“ во Калчо лигата
Во рамки на 2. коло во Серија А, екипата на Наполи со Елиф Елмас во почетниот состав триумфираше вечерва со 2:1 (1:0) во „македонското дерби“ на гостувањето кај Џенова, за која Горан Пандев го одигра второто полувреме и постигна гол што беше поништен од ВАР собата.