Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер денеска по 100. пат седеше на клупата на Манчестер јунајтед на премиерлигашки натпревар и со победа го одбележи јубилејот, триумфирајќи на гостувањето кај Вулверхемптон со 1:0 (0:0).
Победоносниот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Мејсон Гринвуд во 80 минута.
За Манчестер јунајтед ова е втора победа во третото коло од новата сезона во Премиер лигата, по кое составот на Солскјер е третопласиран со седум бодови, два помалку од лидерот Тотенхем.