Фудбалерите на Тотенхем во 3. коло во Премиер лигата попладнево повторно остварија минимална победа од 1:0, овој пат над Ватфорд, и со максимални девет бодови и гол-разлика 3:0 го презедоа лидерското место на табелата.
Единствениот гол го постигна Сон во 42 минута, со што прагматичниот Тотенхем ја забележа третата едноподруго победа од 1:0 на стартот од новата сезона во англиското првенство
Во вториот натпревар во истиот термин во Премиер лигата, Барнли и Лидс одиграа нерешено 1:1.