Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим зборуваше за потребата од подобрувања во тимот.

- Треба да ја искористиме оваа сезона и да работиме на она што треба да се подобри. Ќе има само една шанса. Мораме да погледнеме на сè: нашиот тим, што треба да направиме на трансфер пазарот. Секој ден зборуваме за следната сезона и со текот на времето ќе го добиеме она што ни е потребно за да го подобриме тимот, изјави Аморим за „Би-би-си“.

Манчестер јунајтед има 38 бодови од 33 натпревари и се наоѓа на 14. место на табелата во англиската Премиер лига.

Претходно „црвените ѓаволи“ го победија Олимпик Марсеј со вкупни 7:6 и се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Следен противник им е Атлетик.