Во рамки на одбележувањето на месец октомври-месецот на книгата, Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ја промовираше книгата „Црквите и манастирите во делчевско“.

Книгата, како што информираше директорката на библиотеката Билјана Петровска, е недовршено дело на покојниот роднокраен автор Драган Арсов кое поџзавршување на техничките работи ќе биде публикувано.

-Публикацијата содржи податоци за забележаните христијански цркви и манастири во Пијанец од раното христијанство до денес. За постојните цркви и манастири, според податоците, се бележи од кога датираат, кои се ктиторите, кој ги живописувал и во кое време, кога се рушени и обновувани, истакна Петровска.

Во публикацијата како што додаде се зборува и за црквите и манастирите во Делчево (Царево село) како и селата Град, Црквенец, Селник, Драмче, Киселица,Тработивиште, Ѕвегор, Илиово, Разловци, Стар Истевник, Вирче, Бигла, Очипала, Драмче, Косово Дабје, за христијанските собори и собири.

Во археолошката карта на Македонија се регистрирани 12 ранохристијански цркви на просторот на Делчевската општина, а на археолошката карта на Делчевска општина од 1978 г. се забележани 12 населби со ранохристијански цркви и некрополи.


Администратор
18/10/2021 16:01