На денешниот Велешки пливачки маратон 2021 кој се одржа на патека на езерото „Младост“ првото место на маратонот од 5 километри во машка конкуренција го освои трикратниот светски првак во пливање, Евгениј Поп Ацев, кој пливаше со време 1,02.39. Веднаш зад него со 20 секунди заостанување втор беше пливачот Александар Илиевски со време 1.02.59.

Првото место во маратонот за жени на 5 километри и припадна на Јана Костадинова.

Инаку ова е петтото учество на Евгениј Поп Ацев на Велешкиот пливачки маратон, лани не беше меѓу учесниците, а во 2019 година беше прв. Но, на маратонот на 10 километри и тогаш втор беше Александар Илиевски кој на ланскиот Велешки пливачки маратон беше прв.

Воедно, годинава триесетина професионални пливачи и аматери од земјава учествуваа на осмиот по ред пливачки маратон, што се одржа во водите на езеро Младост во Велес.

Во категоријата 2.500 метри професионални пливачи мажи, првото место го освои Сергеј Малјановски Арнаудовски, додека второто му припадна на Матеј Димитров. Од жените во истата категорија најдобра беше Лора Крстевска.

Од категоријата аматери кои пливаа на патека долга 2.500 метри најдобри беа Дарко Поп Ацев и Ивона Наумова.

Во категоријата за деца до 11 години на патеката од 800 метри најдобар беше Никола Велковски.

Осмиот по ред велешки пливачки маратон се одржа со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид

Инаку, годинава Велешкиот пливачки маратон не е дел од македонскиот куп во далечинско пливање.

Наградата за освоено прво место во сите категории беше 3000 денари ,а ја обезбеди Вулканизер – отпад Дине, кој секоја година го подржуваа на пливачкиот маратон.

Велешкиот пливачки маратон 2021 и годинава го организира Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ заедно со Кајак клубот „Бабуна“ и останатите кајак клубови од градот и Општинскиот Црвен крст Велес, а под покровителство на Општина Велес.

За поредба изминатата години на Велешкиот пливачки маратон имало 80 учесници, а претходните години и многу повеќе како и учесници од соседните земји како Турција, Косово и Бугарија, кои поради Ковид пандемијата и годинава изостанаа.


Администратор
19/09/2021 22:10