Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот фејсбук профил го поздрави донесувањето на Резолуцијата за црвените линии на Република Македонија во преговорите со Бугарија.
- Собранието на Република Македонија на предлог ВМРО-ДПМНЕ усвоена декларација за македонските црвени линии кон Бугарија! Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува. Да живее Македонија!, искоментира Николоски.