Очекувам најдоцна наредната недела да имаме финален текст на Изборниот законик поврзан со имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Прашањата поврзани со функционирање на ДИК, финансирањето и медиумската покриеност на партиите, посочи Маричиќ, е се решено и во голема мера се имплементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР, поради што не оставаат простор повеќе од наредната недела за постигнување договор за промена на изборниот модел.

– Во меѓувреме комуницираме со политичките партии околу евентуалана измена на изборниот модел. Не сум сигурен дали ќе имаме време до наредната недела да постигнеме некаква согласност за промена на изборниот модел за локалните избори. Сè уште има мали шанси и ќе продолжи комуникацијата и во наредните неколку дена, меѓутоа не сакаме да одлагаме премногу бидејќи веќе датумот за изборите се ближи и не би сакале да има премногу блиску до изборите промена на изборниот законик, изјави Маричиќ.

Доколку, нагласи тој, не успееме да дојдеме до договор за промена на изборниот модел за локалните избори, дијалогот ќе продолжи и ќе пристапиме кон процес за подготовка на нов Изборен законик, каде, како што посочи, ќе се дискутираат и решавата и политичките прашања за кои сега е тешко да се постигне согласност.

– Има уште мала шанса, но немам некои преголеми очекувања во делот на изборниот модел, изјави денеска Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација.


Администратор
11/06/2021 16:42