Библиотеката „Кочо Рацин” – Тетово по повод 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право го распишува традиционалниот Литературен конкурс за најдобри поетски творби за ученици од основните училишта.

-Литературниот конкурс е на слободна тема. Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во Тетово и Тетовско. Поетските творби треба да се испратат под шифра. Имињата на авторите, насловот на песните и шифрите да бидат доставени во посебно затворено плико. За најдобрите песни предвидени се награди, информираат од библиотеката.

Поетските творби треба да се достават во библиотеката или да се испратат по пошта на адреса НУ библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, бул. „Илирија“ бб, 1200 Тетово, најдоцна до 25 април 2021.


Администратор
12/04/2021 15:13