Доколку сакате да добиете потенцијална можност да бидете дел од спектакуларниот Кански Филмски Фестивал и притоа сте подготвени да изгледате 10 европски филмови во временски период од 10 недели, на телевизија или на некоја од легалните видео – стриминг платформи, приклучете се на Европскиот филмски предизвик.

Од платформата информираат дека со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/ и со гледање на европски филмови учесниците стануваат дел од оваа приказна и добиваат прекрасна можност да зачекорат на црвениот тепих во Кан. Учесниците, своето искуство треба да го споделат на социјалните мрежи со фотографија како гледаат филм, под хаштагот #EuropeanFilmChallenge. Учесникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на Канскиот Филмски Фестивал 2021.

Дополнуваат дека во случај овој фестивал да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување победникот ќе добие Home Cinema Experience пакет.

Проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21, со поддршка од програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската Филмска Индустрија.


Администратор
07/04/2021 15:40