СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Тој, на 12.11.2020, во својство на службено лице во ЈП„Градски гробишта“ во Охрид од ЈП „Охридски комуналец“ побарал за потребите на „Градски гробишта“ камион кипер за транспорт на 800 бекатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа.

Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренел во дворот од својата викенд куќа, која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противптравна имотна корист од над 60.000 денари


Администратор
27/02/2021 01:38