Кремљ денеска изрази загриженост за ситуацијата во Ерменија, каде премиерот Никол Пашинијан го обвини армискиот Генералштаб за обид за државен удар.

-Со загриженост ја следиме ситуацијата во Ерменија … и секако сите ги повикуваме на смиреност, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Ерменскиот премиер Никола Пашинијан изјави денеска дека барањето на Генералштабот за негова оставка е обид за воен удар и ја повика армијата да ги слуша неговите наредби и неговите приврзаници да излезат на улиците за да го поддржат.

Премиерот е ослабен по поразот на неговата земја во судирот со азербејџанските сили во регионот Нагорно-Карабах.


Администратор
25/02/2021 14:42