Рускиот претседател Владимир Путин нареди до крајот на следната недела да почне масовно вакцинирање против Ковид-19.

Први со руската вакцина „Спутник V“ предвидено е да се вакцинираат здравствените работници и учителите.

Руската фармацевстка индустрија е подготвена за масовно вакцинирање, бидејќи во следните денови бројот на произведени вакцини ќе достигне до два милиона вакцини, истакна Путин.

Вакцината „Спутник V“, што ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство во Русија и стана прва регистрирана вакцина против новиот коронавирус во светот.


Администратор
02/12/2020 16:15