Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски бугарски владини претставници. Ова досега Заев не го негираше.

Според нашите информации се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања.

Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста.

Алармираме Заев и неговата влада во заминување да не и прават штета на државата и ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија не е на продажба.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
29/11/2020 16:40