Сезоната за откуп на македонското јагне доправа доаѓа, а фокусот на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се задржат пазарите на кој се пласира, порача, заменик министерот Трајан Димковски од Штип.

Тој истакна дека доколку има потреба да се интервенира за цената на македонското јагне или пазарите ќе бидат во постојана комуникација и договор со одгледувачите на овци.

-Постојано зборуваме не е во прашање да се направи било каква интервенција, бидејќи тука може да се направи нарушување на понудата и побарувачката. Затоа многу е важно да ги следиме движењата на пазарите. Знаете дека минатата година за првпат се извезе, со карго лет имавме надвор од Европа и се надевам дека сега тие пазари ќе се задржат, што е многу важно и она што реков доколку има потреба секако дека овој подсектор и те како е важен за да го одржиме во рентабилност, рече Димовски.

Прашан за ставот на сточарите дека со цената на македонското јагне се во загуба и се надеваат на 200 денари, Димовски со одговор дека минатата година како Влада направиле интервентна мерка, односно исплатиле по 400 денари од глава, а оваа година е воведено зголемување за 800 денари за задржано јагне.


Администратор
28/11/2020 15:00