Минатата година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 39 827 830 илјади денари. Градени се вкупно 2 641 објект и завршени се вкупно 5 405 станови со вкупна површина од 348 720 метри квадратни, од кои 5 255 се во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.
Просечната корисна површина на завршените 5 405 станови е 64.5 метри квадратни.
Лани најмногу се градело во Скопскиот Регион, на 807 градежни објекти, а завршени се 3566 станови.
Податоците на ДЗС за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија за 2024 година, пак, покажуваат дека индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 14.4 милијарди денари и завршиле 2 512 станови.
Во текот на минатата година се градени вкупно 1 978 објекти и завршени се вкупно 2 512 станови со вкупна површина од 296 537 метри квадрати, од кои 152 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12 879 метри квадратни.
Завршени се 2 512 станови, а просечната корисна површина е 118.1 метри квадратни.
Најмногу се градело во Полошкиот Регион, каде се работело на 628 градежни објекти, а завршени се 587 станови.
Како што објави претходно ДЗС, април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, 10 во пелагонискиот и три во Североисточниот регион.
Најмногу одобренија во април се издадени во Скопскиот регион, 89, по што следуваат Југозападниот со 74, Полошкиот со 62, Источниот со 40, Југоисточниот 31, Вардарскиот 26, Пелагонискиот 23, а најмалку, 12, во Североисточниот регион.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 316 119 000 денари, што е за 10,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (49.6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 процент) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 проценти) за објекти за реконструкција.
На 154 (43.1 процент) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 (56.9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.