Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 40.874,043 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.126,255 пациенти, а оздравеле 30.481,309 луѓе

– Во последните 24 часа, 21.331 нов случај на коронавирус е потврден во Велика Британија, а 241 лице починало. Најголем број на смртни случаи има во Англија – 213, во Шкотска – 15, во Велс – 10 и три во Северна Ирска. Од почетокот на пандемијата, 762.542 лица се заразени со вирусот, а Велика Британија е прва во Европа според бројот на смртни случаи.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 132 новозаболени лица и седум починати пациенти. Според Институтот за јавно здравје, анализирани се 777 примероци за новиот вирус.Најмногу заразени има во Подгорица 55. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот од почетокот на јуни е 238, а од почетокот на годината 247. Вкупниот број на моментално активни е 4.064. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус е 15.892.

– Во последните 24 часа во Србија тестирани се 7.242 лица на коронавирус, од кои 326 биле позитивни, а починати се две лица. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во текот на вчерашниот ден во Србија регистрирани се „само“ 122 новоинфицирани лица, а помал број се очекуваше бидејќи значително помалку луѓе се тестираат за време на викендите, особено во провинцијата. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори во здравствени установи низ целата земја се наоѓаат 25 пациенти. Вкупниот број на заразени изнесува 36.608 лица, додека вкупно починати се 780 граѓани. Вчера Србија влезе во црвената корона зона, со над 30 заразени на 100.000 жители, а проценките велат дека за 7-10 дена би можела да се најде во виолетовата зона со 50+ заболени на 100.000 граѓани.

– Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово достигна 657, откако еден пациент кај кои бил откриен новиот коронавирус почина во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Националниот институт за јавно зравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 130 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.139.Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително вчерашните 72 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.787 лица. Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.695 активни носители на вирусот.

– Грција денеска постави нов дневен рекорд, кога е во прашање бројот на новозаразени – 667, соопшти грчката Влада, со појаснување дека најголемиот дел од новозаразените се млади луѓе. Вкупно 26.469 лица се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа, во Грција од Ковид-19 починале осум лица, со што смртниот биланс се искачи на 528 случаи.


Администратор
20/10/2020 23:38