Од денес, 01.10.2020 г. започнува новата сезона 2020/2021 на Типстер купот на обложувалниците „SPORT LIFE“. Овој долгогодишен натпревар секоја сезона носи новини и вредни премии за најдобрите типувачи во спортот. Оваа година натпреварот ќе се одвива во 8 месечни етапи од 01.10.2020 г. до 31.05.2021 г. и ќе ги опфати сите тикети на обложувачите кои се уплатени со приложување на СЛ-клуб картичката, но и е-тикетите на онлајн обложувачите кои имаат регистриран кориснички профил на вебсајтот на Sport Life.

Воедно, оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место, 50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место. Натпреварот нуди дополнителна возбуда, на ниво на секоја обложувачница за најдобрите 10 типувачи следуваат подарок вредносни ваучери за игра. И оваа година, играчите ќе се рангираат според освоените поени пресметани врз основа на коефициентите на погодените мечеви и уплатените износи независно дали тикетот е добитен или не.

Обложувачите ги очекуваат интересни спортски мечеви од разни области на спортот како и над 800 видови на игри на Sport Life. Сѐ што е потребно е да бидат регистрирани во СЛ клубот и да учествуваат во новата сезона на Типстер купот. На тој начин ги очекува титулата ТИПСТЕР НА МЕСЕЦОТ и премијата од 100.000 денари!

Овој натпревар е награда за лојалноста на играчите на Sport Life, кои како редовни членови на SL клубот имаат право на учество во игрите на Sport Life и можност да освојат бројни дополнителни подароци и ваучери за игра.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете на следниот линк


Администратор
01/10/2020 12:08