За земјите со низок и среден приход Светската здравствена организација (СЗО) ќе обезбеди околу 120 милиони брзи дијагностички тестови на Ковид-19. Во рок од шест месеци овие тестови треба да бидат достапни до сите земји, а нивната максимална цена не треба да биде поголема од пет долари.

Ова на денешната прес-конференција во Жeнева го изјави директорот на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, додавајќи дека тестовите даваат сигурен резултат за само 15 минути, пренесоа британските медиуми.


Администратор
29/09/2020 00:06