Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил заразен со коронавирус.
Вчера имав негативен тест за коронавирус, денес имав позитивен тест. Нема симптоми или нешто слично. Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја – напиша Швеѓанецот на Твитер. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец поради позитивен тест е принуден да го пропушти натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа против норвешкиот клуб „Бодо-Глимт“.
Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20.30 часот.