Викторија Симеонова од Кочани е победничка на четвртиот циклус на платформата за таленти „Ново име“.

Четвртиот циклус на проектот за поддршка на младите од цела држава со износ во висина до 2.500 евра за да ги унапредат своите вештини и знаења од областа на науката, културата, уметноста или спортот, успешно е приведен до крајот. Викторија како „Ново име“ на музиката споменатата награда ќе ја искористи за унапредување на своето знаење како виртуоз на гитара.

– Среќна сум што успеав да победам и така да покажам и на себе и на другите дека да се има талент значи и да се биде упорен и истраен. Исто така секако би препорачала и на другите млади луѓе во Македонија – да ја искористат шансата, да се пријават на ‘Ново Име’ и да ги остварат некои од своите сништа. Кој не проба, не може ни да успее, порача Викторија, која музиката ја спои со другарката со која се пријави за учество во “Ново име” и победи.

Сите млади на возраст од 16 до 30 години, кои веруваат дека поседуваат некој талент, вреден да го претстават на светот и со тоа да обезбедат поддршка со која ќе го унапредат, треба да ги испратат своите пријави до средина на месецот. За подетални информаци заинтересираните ќе може да ги најдат на платформата novoime.mk.

– Подготвувајте ја својата апликација и анимирајте ја публиката. Пробај ја својата среќа, можеби си баш ти нашето петто Ново нме во Македонија?! Среќно!, посолуваат од „Ново име“.


Администратор
04/08/2020 15:30