Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Корејски народни приказни“ во избор, превод од јужнословенски јазици, прераскажување и с предговор на Киро Донев. Книгата, всушност, содржи триесет народни приказни, преданија и легенди.

Во предговорот приредувачот Киро Донев, меѓу другото, пишува:

„Корејската народна книжевност ја претставуваат неко묬ку познати епови и безброј сказни и легенди изник¬на¬ти во народот во текот на столетијата. Легендите, всушност, ја сочи¬нуваат основата не само на корејската книжевност, туку и на корејската национална историја, бидејќи ги бележат сите настани, сите патила, сите настојувања на историскиот народ кон што подобар и посреќен живот, симнувајќи го од врат ропскиот синџир на освојувачите од север, исток и запад. Тоа е прикажано во сказните и легендите, во ликовите на луѓето – јунаците од народот, кои се подготвени во секој миг да си го жртвуваат животот за својата татковина.

Корејските легенди и митови имаат тесна врска со бајките, понекогаш дури е тешко да се утврди каде завршу¬¬ва легендата а каде започнува бајката. Во многу од нив е присутна и реалната историја на земјата. Затоа во кореј¬скиот фолклор има многу приказни за првите позна¬ти пред¬ци, основачите на древните корејски држави. Митски¬те ликови се претставени како полуисториски, полулеген¬дар¬ни вла¬де¬тели или херои на Кореја... Во книгава е опфатен само мал дел од народ¬ното книжевно творештво од корејската култура и уметност – само народните сказни, приказни и преданија. Ова книга ни го отвора светот на древната корејска тради¬ција. Таа е книга за сите возрасти – како за децата, така и за нивните родители, баби и дедовци.“