Поради актуелната состојба со вирусот КОВИД-19 и забраната за организирање јавни собири, 21. Литературна манифестација „Илинден“ првпат ќе се одржи преку веб страницата на општината.

– На 21 литературна манифестација „Илинден“ стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата „Илинден“ – туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб страната на општина Илинден. Уживајте во пишаниот збор на македонските поети и писатели, на поетите од странство, на младите автори и ученици од основните училишта во општина Илинден, соопшти Општината.


Администратор
28/05/2020 01:55