Томислав Георгиев, фоторепортер од неделникот Фокус и Даниела Гогова, фотограф-аматер од Струмица се добитници на наградите од НУ „Завод и Музеј-Струмица и од организациониот одбор на Струмичкиот карневал за најдобри фотографии од ланскиот карневал.

Одлуката ја објави денеска жири комисијата на конкурсот за карневалска фотографија „Карневалски слики 2020“ при НУ Завод и Музеј-Струмица, составена од Ристо Филчевски, Даниела Дончева и Георги Кончалиев.

Наградите на Георгиев и Гогова ќе им бидат врачени вечер на отворањето на изложбата на која ќе бидат прикажани најдобрите селектирани фотографии од конкурсот на кој пристигнале фотографии од 16 учесници со испратени над 200 фотографии.


Администратор
27/02/2020 21:04