Македонските градежни компании лани договориле градежни работи во странство во вкупен износ од 4,070 милијарди денари, што е за 231,9 отсто повеќе во споредба со 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, градежната оператива лани во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 277,701 милиони денари, што е за 77,3 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина кон крајот на минатата година. Зголемен обем на извршените градежни работи, пак, е забележан во Германија, Црна Гора и Бугарија.


Администратор
14/02/2020 16:09