Во кино „Одеон“ во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде прикажан филмот „Манаки – приказна во слики“ во режија на Роберт Јанкулоски, кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите сниматели на Балканот.

– По успешното претставување на Роберт Јанкулоски во Софија со своја фотографска изложба минатата година, како и поради интересот на публиката прикажувањето на филмот да се случи уште еднаш во Софија, авторот ќе пристигне за проекцијата на својот филм и пред гледачите во кино „Одеон“ ќе го претстави своето и делото на браќата Манаки, соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија.

Приказната во филмот се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја работата на Манаки од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцна селењето во Битола.

Проекцијата се реализира во соработка со Бугарската национална филмотека и со помош на македонскиот КИЦ во Софија.


Администратор
23/01/2020 11:43