Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 21 октомври изврши дополнително вложување во Алкалоид ДОО Белград, друштво кое е 100 отсто сопственост на Алкалоид АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог, соопштија од фармацевтската компанија.

Станува збор за инвестиција вредна 1,8 милиони евра наменета за проширување на производните капацитети во производниот погон на Алкалоид во Република Србија.

Со оваа инвестиција, како што се посочува, Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.


Администратор
06/11/2019 14:33