Владата на вчерашната 158-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за спроведување функционална анализа во институциите од јавниот сектор.

Анализата, како што соопшти владината Прес-служба, има за цел да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект во институциите во која се спроведува, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на актуелните надлежности и задачи на институцијата.

– Преку анализата ќе се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата, насочени кон остварување на очекуваните резултати и кон исполнување на јавниот и на интересот на граѓаните, се наведува во соопштението.


Администратор
09/10/2019 11:51