Оперативно-техничката агенција месечно за кирија плаќа околу 7.000 евра, условите во зградата на Телеком не се соодветни за функционирањето на оваа институција, која се формираше кон крајот на минатата година како дел од реформите на безбедносно разузнавачкиот систем како медијаторот во процесот на пресретнување на комуникациите, задолжена за техничкиот дел на следењето.

Ова било разговарано денеска на седницата на собраниската Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, на покрај Извештајот од извршениот надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност биле разгледани и материјалите на ОТА.

Претседателот на Комисијата Емил Димитриев по завршувањето на седницата истакна дека материјалите се однесувале на проблемите од аспект на просторно сместување и функционирање на оваа институција, влезот и простор.

-Од директорот на ОТА бевме информирани дека тие се соочуваат со проблеми, кираџии се во заграда во која државата е акционер. Тие се сместени во зграда на Телеком, фактички државата плаќа кирија самата на себе. Притоа, согласно нашата процедура тие не можат ништо да инвестираат во таа зграда бидејќи не се сопственици и имаат простор, од аспект на влез и бараат трајно решавање на просторните услови, изјави Димитриев. Додаде дека месечно за ОТА киријата е околу 7.000 евра.

Најави дека тие како Комисија ќе го информираат Собранието како основач на ОТА да ја извести Владата за овој проблем. Согласно законот, како што рече, Владата е должна да изнајде трајно решение за просторно сместување на Оперативно-техничката агенција.


Администратор
08/10/2019 16:15