Тимур Дибиров ќе ја превземе капитенската лента на Вардарци на мечот против Порто во рамки на второто коло од Лигата на шампионите кои Европските шампиони го играат во недела во СЦ Јане Сандански.

На прес-конференцијата непосредно пред натпреварот, Дибиров истакна дека прекрасно е чуството да се игра на првиот натпревар на домашен терен по Европската титула од минатата сезона.

„ Ова ни е прва средба дома како европски шампиони и тоа е посебно чувство. Очекувам полна сала и како и секогаш мора да одговориме со добра игра. Без разлика кој е противникот секогаш ќе биде тешко, па очекувам многу голема поддршка. Сите добро знаеме како ние играме во Скопје. Очекуваме можеби не лесни, но два бода. Ќе биде комплицирано бидејќи Порто игра 7 на 6, но мораме да се адаптираме на тој стил и не верувам дека некој може да не изненади. Анализираме добро, се концентрираме само на победа и чекор по чекор одиме напред", вели Тимур Дибиров.


Администратор
20/09/2019 18:44