Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашната телевизиска дебата на Телевизија 24 на која гостин беше и Министерот за надворешни работи Никола Димитров, коментирајќи ја актуелната политичка ситуација но и секојдневните случаеви со криминал и корупција на кои граѓаните се сведоци истакна дека немаат доверба да ги однесат сите докази кои ги имаат во овбинителството а кои се однесуваат на политичари од власта кои се вмешани во случајот „Рекет“.

- Како да ги однесеме доказите во обвинителство кога речиси цела година во фиока стои пријавата која ја поднесовме за референдумот кога се случуваше гласање за време од 4 до 7 секунди. Во нормални држави обвинителството треба да ја прифати или треба да ја отфрли кривичната пријава. Во нашиов случај, таа стои една година во фиока без да биде превземено била каква активност во врска со тоа, истакна Николоски.

На ова се надоврза и Министерот за надворешни работи Никола Димитров кој истакна дека и тој имал личен проблем со обвинителството бидејќи пријавата која ја поднел за фалсификуван потпис на оставката која се појави во јавноста после неуспешниот референдум сеуште немала епилог.