Издавачката куќа Антолог од Скопје во рамките на проектот „Биди свој, биди ЕУ!“, ја објави книгата „Невидливиот чувар“ од баскиската авторка Долорес Редондо (Шпанија).

Долорес Редондо е баскиска писателка што пишува на шпански јазик. Студирала право, но подоцна се запишала и дипломирала на гастрономија, по што работела во неколку ресторани, за на крајот да отвори и свој локал. Во светот на литературата влегла пишувајќи кратки раскази и приказни за деца.

Во 2013 година ја објавила книгата „Невидливиот чувар“, напнат и возбудлив психолошки трилер, со кој стартувала Бастанската трилогија, која е преведена на повеќе од 15 јазици и продадена во повеќе од 700 000 примероци.

Во изданието на „Невидливиот чувар“ на македонски јазик преводот од шпански е на Виолета Јагев, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура на Република Македонија.


Администратор
10/06/2019 17:27