Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас на 4 мај ќе го остварат 33 болни и изнемоштени лица.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во Дебар ќе гласаат 30 лица.

-Ќе гласаат 30 болни и изнемоштени лица. Тоа е идентична бројка како и во првиот круг од гласањето. За второт круг немавме ново пријавени, рече Бакали.

В недела, 5 мај, во оваа општина изборниот процес ќе се одвива во 27 избирачки места, а колку лица со право на глас ќе се бидат во Единствениот избрачки список ќе се знае в четврток. Во првиот круг, според Бакали, во избирачкиот список за претседател на државата беа запишани 18.602 гласачи.

Во Општина Центар Жупа, во својот дом ќе гласаат три болни и изнемоштени лица.

Според претседателот на ОИК, Еран Зубер, едно лице гласало во првиот, а две се пријавиле за вториот круг на гласање.

Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места. Во Единствениот избрачки список во првиот круг беа запишани 6.951 лице.