Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска ја посети црквата Св. Апостоли Петар и Павле во Ново Лисиче.
Сиљановска Давкова оствари неформална средба со голем број на граѓани каде што и беше изразена голема поддршка за убедлива победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај.
Сиљановска Давкова изрази голема благодарност до сите граѓани и порача дека доколку биде избрана за претседател ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.
*Платено политичко рекламирање