Денеска започнува големиот христијански празник кој има не само теснорелигиозно значење туку и општочовечка порака. Празнуваме и во исто време испраќаме порака вредностите поврзани со вербата во луѓето, љубовта, човечноста, соживотот, разбирањето да не бидат актуелни само на празници туку секогаш и со секого, порача Кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова.

Велики Петок е денот кога најмногу треба да се запрашаме што сме сториле за својата земја, својот народ, предците и идните поколенија. Да си признаеме ако сме згрешиле и да започнеме борба за да ги поправиме грешките. Целта е човечноста и хуманизмот да победат пред нечовечноста и материјалните интереси.

За многу години, за праведна Македонија, додаде Силјановска.

*Платено политичко рекламирање