На тв дуелот на македонската телевизија кандидатите за претседател Силјановска и Пендаровски тие имаа можност и за по едно меѓусебно прашање. На прашањето од Силјановска која е точната бројка на вработени, зашто според неа Владата излегува со различни бројки, Пендаровски одговори дека се над 20.000 нови вработени, од кои две третини во домашни компании, и дека невработеноста сега е најниска, односно 19,4 проценти.
Пендаровски ја праша својата ривалка кога таа ќе го одржи зборот да се повлече спотот во кој го исмеваат, барајќи од неа фер-плеј и културна комуникација. Силјановска кажа дека веднаш побарала да се повлече, а од нејзиниот штаб и било речено дека луѓето го шеруваат и пласираат.
– Аргументацијата е дека тој е повлечен. Луѓето кога преземаат, тоа го споделуваат. Го имате моето длабоко ветување дека ќе се отстрани. Најостро сум против таков вид кампања. Не поднесувам и ме навредува. Ниту стојам зад таква кампања, ниту такво нешто одобрувам, рече Силјановска на вечерашниот дуел на МРТ.